Се намалува бројот на активни случаи од коронавирусот во Кичево

– Во Кичево денеска има четворица новозаразени и пет оздравени од коронавирусот, според податоците од Министерството за здраство, со што вкупниот број на заразени со Ковид-19 во оваа општина достигна 251 лице, од кои 115 се активни, 126 се излекувани и десет лица се починати. Овој податокговори дека бројот на активни случаи во Кичево се намалува.

– Денеска кај нас имаме четворица новозаболени лица од коронавирусот кои се лекуваат во домашни услови и се под надзор на нивните матични лекари, се разбира дека сите се во изолација и за среќа пак имаме пет оздравени лица, информира д- р Џабир Бајрами, член на Општинскиот Кризен штаб во Кичево.

Тој упатува апел до сите граѓаните да се држат до препораките дадени од надлежните здравствени институции.

Back to top button
Close