Се намалува бројот на позитивни пациенти на Ковид-19 во Македонска Каменица

 Се намалува бројот на пациенти позитивни на вирусот Ковид-19 во Македонска Каменица. Во оваа општина, како што соопштија од здравствената станица, еден пациент е регистриран како оздравен со што моменталната бројка изнесува тројца активни пациенти на коронавирус.

– Се работеше за асимптоматски случај, кој иако имаше позитивен наод немаше симптоми и прилично лесно го преброди вирусот. Од вкупно четири активни случаи заклучно со денешниот ден, остануваат позитивни на вирусот уште тројца пациенти, истакнаа од здравствената станица во Македонска Каменица.

Додадоа дека слична е состојбата и на останатите пациенти.

-И тие се во добра здравствена состојба. Поради нивната асимптоматичност на вирусот, се очекува набрзо и тие да ја надминат болеста, додадоа надлежните.

 

Back to top button
Close