Се намалуваат активните случаи од коронавирусот во Кичево

) – Во Кичево денеска има  три нови лица заразени со Ковид-19 и 13 оздравени  покажуваат податоците од Министерството за здраство

Со ова вкупниот број на заразени со Ковид-19 во оваа општина достигна  257 лице, од кои 103 се активни, 144 се излекувани и десет лица се починати, Со денешните податоци продолжува трендот на намалување на активни случаи во Кичево .

-Денеска кај нас имаме тројца новозаболени од коронавирусот кои се лекуваат во домашни услови и се под надзор на нивните матични лекари , се разбира дека тие се во изолација. За среќа пак имаме дури 13 оздравени лица информира д- р Џабир Бајрами, член на Општинскиот кризен штаб во Кичево .

Тој упатува апел до сите граѓаните да се држат до препораките дадени од надлежните здравствени институции.

Back to top button
Close