Се нижат скандали со брзите кредити

За сите овие случаи до ОЈО поднесени се 16 кривични пријави и 24 писмени известувања, при што во рамките на расветлените случаи пријавени се 24 сторители, а поднесено е и едно известување до оштетено лице за поднесување на приватна тужба против откриен сторител, велат од МВР.
Случаи се регистрирани и оваа година.
Првопријавената ги злоупотребила личните податоци на оштетеното лице во пријавеното правно лице за добивање на брз кредит во износ од 90.000 денари, кој ѝ бил одобрен од второпријавениот, одговорно лице во правното лице.
На 06.02.2023, сопругата на оштетениот го пријавила делото, поради тоа што тој во тој момент не бил во државата.