Се обидел да убие жена додека давала исказ во полициска станица

Обвинителството отвори истрага против 26-годишен велешанец, кој е осомничен за обид за убиство врз жена која сведочела за настан во кој тој бил вмешан.

Мажот се обидел да ја убие во полициската станица во Велес, каде таа била повикана како сведок за настан во населбата Речани, каде осомничениот кршел чаши во игротека.

Под дејство на алкохол од 1,41 промили во крвта, осомничениот во полициската станица ја фатил за коса оштетената, ја повлекол и на вратот ѝ ставил нож кој го извадил од јакната. Веднаш реагирале полициски службеници и други сведоци на настанот кои успеале да го совладаат, да му го одземат ножот и да го спречат во намерата да ја лиши од живот“, информираа од Обвинителството.

 

Back to top button
Close