Се очекува одлука од Грција за обнова или поништување на забраната за авионско, железничко и копнено поврзување со државава

Одлуката на Грција за привремено ограничување на сите авионски, железнички и копнени поврзувања со Северна Македонија, како и забраната за влез на грчка територија на македонски државјани, објавена на 15 јули истекува денеска, а засега, нема информација за нејзино продолжување или поништување, јави дописничката на МИА од Атина.

Ограничувањата, „од превентивни причини за заштита на јавното здравје од дополнително ширење на коронавирусот Ковид-19 на грчка територија“ се за временскиот период од 16 јули до 31 јули 2020 година и се однесуваат, освен на Северна Македонија, и на Албанија и на Турција.

За конкретната министерска одлука, како и за копнените граници и евентуалното нивно отворање за државјаните на соседните земји, портпаролот на грчката Влада  Стелиос Пецас, на вчерашниот брифинг со новинарите одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина рече дека овие теми биле дел од состанокот на Мицотакис со епидемиолозите и надлежните министри.

Според информациите на дописничката на МИА од Атина, веројатно е дека ќе се обнови и продолжи друга министерска одлука што се однесува на забрана за влез во Грција на државјани од трети земји, а ќе важи во следните две седмици.

Back to top button
Close