Се одложи петтиот старт на „Талир“ – делото за ВМРО – ДПМНЕ застарува на крај на годинава

Стартот на судењето за случајот „Талир 1“ каде меѓу обвинетите е сега владејачката ВМРО-ДПМНЕ на која и се суди веќе шеста година, се одложи бидејќи предметот заедно со доказите бил во Апелациониот суд кој решавал по жалба на обвинетите кои ги спореле доказите на поранешното Специјално јавно обвинителство.

Во овој предмет освен на партијата им се суди на поранешниот премиер Никола Груевски и сега веќе поранешните високи функционери на партијата, Никола Груевски, потоа Миле Јанакиески, Кирил Божиновски, Илија Димовски, Леко Ристоски за незаконско финансирање на партијата.

До крајот на годинава, во декември настапува апсолутна застареност за делото перење пари за кое се гони партијата, чиј имот е замрзнат во другиот предмет „Талир 2“, а двата предмети ги води поранешната обвинителка Специјално јавно обвинителство Ленче Ристоска која деновиве беше цел на ниски навреди од владејачката парија од која побара извинување, кое ако не го добие најави тужба против партијата.

Првото рочиште за главна расправа беше закажано на 18 февруари 2019 година, но и по повеќе од сто рочишта нема првостепена пресуда.

 

Back to top button
Close