Се одложи судењето на докторот кој на родилка и извади бубрег, матка и јајник

Судијата Ади Усеини од Основниот суд во Струга, на почетокот од судскиот процес констатираше дека нема услови да се одржи главниот претрес во кој на тројца лекари од струшката болница им се суди за лекарска грешка за случајот со родилката од Дебар, пренесе Телма.

На обвинителна клупа требаше да седната поранешниот директор на болницата и лекар гинеколог Мухамед Асани, и уште двајца негови колеги, но тие не се појавија во судница поради презафатеност на еден од нивните адвокти. Обвинителството на почоетокот на мај поднесе обвинение за тешки дела против здравјето на луѓето, затоа што пред две години при породување со царски рез, Јилдиз Веаповска остана без матка, јајник и бубрег. За ова кривично дела се предвидува максимална затворска казна од 5 години.

Во судницата дојде оштетената Јилдиз Веаповска која рече дека сѐ уште ги чувствува тешките последици од порадувањето по кое остана без три органи, и се надева дека правдата ќе биде на нејзина страна.

Повеќе

Back to top button
Close