Се одржа детскиот фестивал Радика Фест 2020

Во Центарот за Култура во Дебар денеска со почитување на мерките за заштита и протоклите за одржување на манифестации во состојба на пандемија Ковид 19 , се одржа 11-тото издание на феставлот на детската псена ,,Радика Фест 2о2о ,,.

На фестивалот беа изведени 11 детски песни од автори и деца интерпретатори од општините Дебар, Струга, Охрид , Маврово – Ростуше и други општини од земјава .

Директорот на фестивалот Зинче Мимидиноски кој воедно е и директор на Центарот за Култура , соопшти дека жири комисијата на фестивалот за победник на фестивалот ја прогласи песничката ,,Нова година ,, во интерпретација на Моника Ѓулиовска . Првата награда за интерпретација од страна на публиката ја доби Ајлин Рамадановска додека пак наградата за сценски настап на фестивалот ја освои дуетот Мила и Фиона од Охрид. Најдобар дебитант на феставалот е прогласен Адна Оџеска од Лабуништа .

Фестивалот и оваа година финасиска подршка имаше од страна на Министењрството за Култура на РС Македонија .

КМ

Back to top button
Close