Се официјализира соработката на Вреди и Изет Меџити за Мирослав Лабудовиќ во вториот круг од изборите
Во вториот круг од локалните избори, кандидатот за градоначалник на Центар од ЗНАМ и Мирослав Лабудовиќ ќе ја има поддршката и од коалицискиот партнер во власта – Вреди. Вечерва, со средба со локалните жители од Кале и Дуќанџик таквата поддршка е официјализирана, стои во соопштението на Знам.
Оттаму додаваат дека ова е втора ваква пружена рака меѓу партнерите во власта – ЗНАМ и Вреди, по вчерашното официјализирање на поддршката и за Куманово во вториот круг за кандидатот за градоначалник Максим Димитриевски.