Се огласија и од бугарското МНР: Лавров беше информиран на 1-ви јуни дека нема дозвола за прелет


Властите во Русија беа информирани уште на 1 јуни дека на министерот за надворешни работи Сергеј Лавров нема да му биде дозволено да прелета низ бугарскиот воздушен простор на пат за Белград, каде што требаше да го посети денеска, соопштиле попладнево од бугарското министерство за надворешни работи, пренесува „БНР“.

Од таму објасниле дека одлуката е донесена во согласност со режимот на санкции на Европската унија против Русија.

Лавров е вклучен на листата на физички и правни лица на кои Европската унија им изрече рестриктивни мерки.

Претходно беше објавено дека посетата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на Србија, планирана за понеделник и вторник, е откажана поради одбивањето на Бугарија, Република Северна Македонија и Црна Гора да го отворат својот воздушен простор за прелет на шефот на руската дипломатија.

Back to top button
Close