Се огласија и од финансиска полиција за изјавата на Касами: Прибираме податоци веќе неколку месеци

Се огласија и од Управата за финансиска полиција, по изјавата на градоначалникот на Тетово Биљал Касами, дека во општината упаднала финасиска полиција, а тој упадот го нарече политички притисок.

Од Управата велат дека веќе со месеци прибирале податоци.

„Управата за финансиска полиција веќе неколку месеци прибира податоци и сознанија и постапува по наредба на Основното Јавно Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Управата во своето редовно работење постапува неселективно и непристрасно, согласно своите законски надлежности и добиените насоки и наредби од ОЈО.

Се додека случајот е во предистражна постапка поради начелото на тајност во овој момент не би можеле да споделиме повеќе релевантни информации и Ве замолуваме истиот да не се злоупотребува и користи во политички цели“, се вели во писменото соопштение до медиумите од Управата за финансиска полиција.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close