Се огласи Артан Груби откако беше објавенo дека има договор меѓу СДСМ и ДУИ

Откако Коха објави дека има договор за мнозинство, и за Албанец премиер, Артан Груби од ДУИ на Фејсбук напиша дека ДУИ е транспарентна партија и сите процеси ги води со вклучување и известување на граѓаните.

Вели дека вестите кои се појавија во медиумите не се потврдени од нивна страна, а кога ќе има нешто ќе ја известат јавноста.

Според она што го пишува, детали не се договорени иако имало пост изборни разговори со СДСМ, како што додава за доброто на граѓаните и на државата.

Весникот Kоха објави дека коалицијата СДСМ-БЕСА ќе коалицира со ДУИ на Али Ахмети, а дел од Владата ќе биде и ДПА, на чело со Мендух Тачи.

Со ова, според весникот парламентарното мнозинство ќе има 62 пратеници.

Back to top button
Close