СЕ ОГЛАСИ БРАТОТ АЛЕКСАНДАР: Го прашаа зошто неговата сестра Ивана не заминала порано од насилникот Стојанче?

Семејството, пријателите и роднините на Ивана Јовановска, утре ќе се приклучат на Осмомартовскиот марш во Скопје.
Веста ја објави Александар, братот на Ивана, и истакна дека ќе учествуваат на маршот, а во мислите ќе ги носат Ивана и Катја.
-Стоп за насилството, не молчиме, не прифаќаме, не се помируваме! Каде? – Парк Жена Борец, Скопје. Кога? – 12 часот, 08.03.2026, објави Александар.

На прашањето на ВИКИМЕДИА, зошто Ивана не заминала порано од насилникот, братот вели дека генерално, семејството не сака да споделува ништо во моментот, и се заблагодарува на разбирањето и поддршката.






