Се огласи директорката на Козле: Обвинувањата кон мене се злонамерни и се поради лични интереси на 4 доктори во клиниката

По повод обвинувањата дека група на доктори биле незадоволни од директорката на болницата во Козле, Каролина Симоновска, се огласи токму Симоновска која рече дека обвинувањата се злонамерни од четири доктори во клиниката

Во однос на денешните обвинувања во јавноста ,истите ги сметаме како
тенденциозни,злонамерни и се однесуваат на лични интереси на само 4 доктори во клиниката. Одговорно информирам дека клиниката има комплетен тим за изведување на бронхоскопија со соодветна стручност на највисоко ниво за проблематиката која ја работи. Во тимот е бронхоскопист-орл специјалист кој е со докажани успеси со
децении наназад ,двете докторки кои обвинуваат дека не работат во
бронхоскопскиот кабинет своеволно си заминаа со потпис бидејки бараа од мене како директор континуирани дополнителни финансиски сретства или ќе ја напуштат бронхоскопската екипа .Сега се претставуваат во јавноста дека се загрижени за здравјето на децата но ако биле навистина загрижени за здравјето немаше своеволно да си заминат ,туку ќе останат и ќе се грижат за децата без уценувања. Ги замолувам медиумите да не подпаднуваат на ваквиот тип на клеветење и уште еднаш ве уверувам, дека тие докторки по секоја цена сакаат да ги исполнат своите лични интереси, а само ја залажуваат јавноста дека интересот им бил здравјето на децата . Истите истовремено прават и дополнителен немир во клиниката , ги навредуваат и другите специјалисти педијатри ,ги прават неспособни и дека без нив и нивните раководни позиции клиниката не може да функцинира .Срамот е нивен ,а гледам дека сега им станува
и јавен.

Тимовите за алергологија и функционална дијагностика само се надополнија со нови членови специјалисти со цел што повеќе лекари да бидат стручно спремни да одговорат на потребите на пациентите ,а со години наназад не им се дозволувала таа едукација

Ниту еден од докторите во клиниката не е деградиран ,ниту пак средниот
медицински персонал ,напротив јас сум отворена за секој лекар и за секоја
медицинска сестра ,лаборант кој работи и сака да напредува да ја има таа
можност и да постигнува резултати .

Не смее да се дозволи една мала група на доктори да вршат долгогодишен терор и да ги навредуваат останатите специјалисти со цел вечно да бидат на раковидните места по секоја цена со бројни уценувања .
Категорично напоменувам дека ова се тендециозни клевети само од посочените докторки ,кои со сите механизми пробуваат да ја оцрнат клиниката и мојата работа како директор.

Целиот медицински персонал ,медицинските сестри и сите други специјалисти педијатри со години наназад работат најпрофесионално и не дозволувам никој никого навредува, ниту пак да потценува .
Универзитетската клиника уште еднаш укажува дека заради специфичната
дејност која ја обавува и е во интерес на децата ,навистина не ни е потребен партиско-медиумски негативен публицитет.
Уште еднаш како директор тврдам дека стручниот тим на лекари е подготвен да реагира на највиско ниво и стандарди ,никој не е загрозен ,а и нема да дозволувам одредена група лекари да го уништат тоа ниво заради личните финансиски и партиски интереси .

 

Back to top button
Close