Се огласи Хамнеи: Иран не сака војна, но нема да се откажеме од нашите права

Иранската државна телевизија објави писмена порака која му се препишува на новиот врховен лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, во која вели дека управувањето со Ормускиот Теснец влегува во нова фаза и дека Техеран ќе бара надомест за сите воени штети.

Во пораката објавена по повод 40 дена од смртта на неговиот татко и претходник ајатолахот Али Хамнеи, тој вели дека Иран не сака војна, но дека нема да се откажат од своите права и дека ги смета сите фронтови на отпорот како еден единствен ентитет.

Моџтаба Хамнеи ја нагласи важноста на континуираното учество на јавноста во борбата против американската и израелската агресија и го пофали иранскиот народ за неговата упорност и единство за време на, како што рече, третата наметната војна.

„До овој момент, херојскиот народ на Иран беше одлучувачки победник во оваа арена“, вели Моџтаба Хамнеи.

Тој повика на единство на различните сектори на општеството со цел Иран да стане посилна и пообединета земја, нагласувајќи дека јавното присуство и уличните демонстрации имаат директно влијание врз преговорите и стратешките цели на земјата.

Моџтаба Хамнеи нагласи дека преговорите со непријателот не смеат да ја намалат потребата од ангажирање на народот и дека е должност на секој граѓанин да придонесе во заедничките напори, дури и кога не се во тек активни борби.

Американскиот претседател Доналд Трамп пред два дена објави двонеделно примирје со Иран. Според „Тајмс“, Моџтаба Хамнеи е на лекување во градот Ком и не е во можност да го води Иран.

Back to top button
Close