Се огласи Меџити: За Чаир ја напуштам владата – се враќам меѓу мојот народ

Откако од коалицијата Вреди објавија дека Изет Меџити е нивниот кандидат за градоначалник на Чаир, актуелниот министер за животна средина и просторно планирање се огласи на социјалните мрежи.

„Од срце – ВИ БЛАГОДАРАМ!

Претседателството е повик што не можам да го одбијам!

Претседателството е обврска што понизно ќе ја исполнам!

За Чаир, се согласив да ја напуштам Владата и да се вратам меѓу мојот народ. Верувам и сум сигурен дека го направив правилниот и правилен избор.

Затоа што луѓето од Чаир заслужуваат лидер кој бил, е и секогаш ќе биде меѓу нив, секогаш достапен да им понуди помош и поддршка.

Победа. За Чаир.

Нека биде за наше добро!“, напиша Меџити само на албански јазик на социјалната мрежа ФБ.

Back to top button
Close