Се огласи таткото на медицинската сестра која претепа старица во старечкиот дом во Пеќ

Косовската полиција уапси три лица осомничени за физичко насилство врз постара жена и им е одреден 48 часа притвор, јавува РСЕ на албански јазик. Таткото на една од уапсените медицински сестри јавно му се извини на семејството на жртвата.

Таткото на медицинската сестра која физички нападна постара жена во Пеќ, Наим Пељај, јавно се извини за постапката на неговата ќерка. Тој во изјава за „Клан Косова“ јавно му се извини и на семејството на Нура од Ѓаковица, велејќи дека објавените видеа длабоко го погодиле него, но и неговото семејство.

„Почитувано семејство и мајка на борецот за слобода, Тауланта Нура, благодарение на чија пролеана крв, денес уживаме во слободата. Ја споделуваме вашата болка и сочувствуваме со вас во болката што ви ја предизвика нашата ќерка“, рече Пељај.

„Знам дека поминувате низ тешки времиња, но дозволете ми јавно да ви се извинам во името на моето семејство Пељај, од Нови Село кај Пеќ, вам, на семејството Нура и на целиот албански народ. Со Божја помош овој случај нема да се повтори. Морално и духовно, животот ви го должиме вам, семејството на Нура од Ѓаковица, за духовната трагедија што ви ја предизвика нашата ќерка“.

Пељај побара правосудните институции да се позанимаваат со овој случај.

„Во случајот со нашата ќерка бараме правосудните институции да постапат согласно законот на Република Косово за кривичните дела кои и се товарат“, заклучи Пељај за „Клан Косова

Back to top button
Close