Се огласи Трендо: Откри дали ќе се кандидира за градоначалник

Не е точно дека ќе се кандидирам за градоначалник во Општина Центар, вели Сашо Мацановски-Трендо во изјава за Фактор, откако вчера во медиумите беше објавено дека водителот ќе биде кандидат на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

– На секои изборни циклуси ме прават кандидат за градоначалник. Но, ниту сме разговарале со партијата, ниту, пак, ВМРО-ДПМНЕ ме прашале. Јас сум задоволен со тоа што го работам во моментов, така што навистина такво нешто не постои. Дури и се шегував со ваквите информации, напишав не на Центар, туку на Центар Жупа – вели Трендо за Фактор.

Back to top button
Close