Се огласи здружението за канабис – Легализација сега!

По заплената на пет тони марихуана во Србија која таму стигнала од Македонија и заплената на десетици тони во Македонија, но и барањата на дел од партиите да се затворат ваквите фабрики, Здружението за канабис и зелени политики „Билка“, бараат легализација на канабисот.

-Билка години наназад алармира дека донесените и постоечки законски решенија исклучиво го фаворизираат бизнисот, а не пациентите, за кои и декларативно беше првично наменето законското решение. Дополнително, во неколку наврати предлагавме законски измени чија имплементација требаше да доведе до квалитетни медицински производи од канабис за пациентите и дестигматизација и декриминализација на рекреативните корисници. Барањата на минорни македонски партии кои доживотно се шлепаат со партијата на власт за укинување на можноста за одгајување медицински канабис поради злоупотреби се беспредметни, бидејќи тие злоупотреби се настанати поради повеќегодишен пропуштен надзор на Министерствата за Здравство, Земјоделие и Внатрешни работи, а нд поради самат можност за одгледување. Апелирале до сите парламентарни партии итно да работат на Lex Canabis како Lex specialis кој конечно ќе го реши ова прашање со цел пациентите да не зависат од црниот пазар, рекреативните корисници да не се криминализираат, индустрискиот коноп повторно да се јави на македонското поднебје и секундарно, зашто да не, и буџетот да се полни – се вели во соопштението.

Извор: slobodenpecat.mk

Back to top button
Close