Се отвора сезонски граничен премин меѓу Косово и Македонија
Националниот центар за гранично управување на Косово објави отворање на граничниот премин Стразимир за привремен (сезонски) сообраќај, помеѓу Македонија и Косово.
Оваа точка ќе биде отворена од 25 јули до 25 септември 2025 година.
„Граничниот премин утврден со оваа Одлука е отворен за културни, научни, професионални, спортски и/или туристички активности и настани“, се наведува во одлуката
Фото: архива