Се плашам дека доцна ќе биде…

Болничките капацитети веќе полни со пациенти, заболени од Ковид19, медицинскиот персонал преморен и избезумен, добар процент од нив заразени, многу заразени во витални државни институции, војската, полицијата, други институции, приватни текстилни фабрики, продавници, маркети. Секојдневно се рушат рекорди од новозаболени, и натаму многу голем процент на граѓани кои не ги почитуваат препорачаните мерки за заштита, започната предизборна кампања….

Доколку чекаме вирусот сам да помине, многу се лажеме. Ако вака се продолжи половина популација во државава ќе се инфицира, многу луѓе ќе ги загубат животите, а останатите ќе заболат од трајни психички и нервни болести. Молам ВЕДНАШ сите чинители во општеството, на чело со Владата, да ги превземат сите мерки против ова зло по човечкиот род. Применете ги сите мерки кои во изминатиот период кај нас и во светот дадоа некои позитивни резултати во борбата против Пандемијата. Не е доволно само информирање на јавноста за бројот на новозаболените, починатите, излекуваните. Во ваква една опасна војна, треба борба со сите расположливи средства. Превземете нешто. Должни сте да водите максимална грижа за граѓаните, а несовесните казнете ги со драконски казни. Не чекајте. Се плашам дека доцна ќе биде!?
Томе Милошевски

Back to top button
Close