Се плаши ли Вучиќ од младите?- Речиси сите млади во Србија ќе излезат на следните избори

Според ново истражување на Кровната организација на млади на Србија (КОМС), дури 92% од младите изјавиле дека се подготвени да излезат на следните избори, а 90% ја поддржуваат студентската борба против власта на претседателот Александар Вучиќ.

Овие бројки се значително повисоки од минатогодишните и укажуваат на досега невидено политичко активирање на младите во Србија. Историчарот Драган Поповиќ смета дека Вучиќ е сериозно загрижен поради оваа нова генерација која „сама ја победила апатијата“ и се мобилизирала политички.

Социологот Дарио Хајриќ додава дека овој феномен претставува длабок удар за режимот, бидејќи студентите стануваат нова политичка сила, а нивната активност е закана за политичката стабилност на власта. „Борбата против студентите не е исто што и со други групи – тие се симбол на иднината, а таа сега е во отворен судир со власта“, вели тој.

Извор: trn.mk

Back to top button
Close