Се појави документ кој открива дел од планот на Путин за Украина

Рускиот бизнисмен и жесток критичар на Владимир Путин, Михаил Ходорковски, објави документ кој покажува како Путин планира да вклучи руски резервни војници во војната во Украина.

Наводно станува збор за наредба до раководителите на одделенијата за мобилизација, кои имаат рок до 20 април да ги проверат регистарските картони на резервистите. Во единиците за мобилизација мора да се појават резервни војници.

„Војната дојде во Москва“, напиша Ходорковски на „Фејсбук“Ден по почетокот на руската инвазија, Ходорковски изјави дека само револуција ќе го собори Путин. Тој исто така рече дека очекува Путин да продолжи да ги задушува протестите во Русија.

„Јас сум во целосен шок поради ова што се случи“, изјави тогаш Ходорковски за новинарите. Тој нагласи дека Путин сака да ја окупира Украина и да постави марионетска влада.

Тој го нарече Путин диктатор што живее во строго контролиран информативен балон и тврди дека мора постојано да се докажува пред своите блиски соработници. Запрашан дали Путин ќе застане во Украина, Ходорковски рече: „Убеден сум дека ако Путин ги постигне своите цели во Украина, подоцна ќе сака да казни некој друг“.

Ходорковски стана еден од првите руски олигарси во 90-тите за време на претходникот на Путин, Борис Елцин, но заврши во затвор во 2003 година откога јавно се расправаше со Путин за борбата против корупцијата.

Тој беше осуден за даночно затајување и измама. Ходорковски, некогаш најбогатиот Русин, помина десет години во затвор. Путин го помилува во 2013 година по што тој ја напушти Русија.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close