Се породи Џенифер Лоренс

Оскаровката Џенифер Лоренс (31) и нејзиниот сопруг Кук Маруни станаа родители.

p

Како што сега наведува магазинот „People“, таа неодамна се породила, но двојката одлучила да не објавува било какви информации за раѓањето, како што е роденденот, полот или името на детето.

„Со сите сили сакам да ја заштитам неговата приватност до крајот на животот, колку што можам“, изјави бремената Лоренс уште во ноември минатата година.

Бремената Џенифер Лоренс блесна на премиерата на новиот филм „Don’t Look Up“, во кој се собрани некои од најголемите холивудски ѕвезди

Двојката својата врска јавно ја објави во 2018 година. Се венчаа една година подоцна во тајност во луксузна вила. На свечената церемонија присуствуваа бројни познати лица како Крис Џенер, Адел, Ема Стоун…

 

 

 

Back to top button
Close