Се повлекува водата од поплавените села во општина Долнени, дел од нив се без струја

Центарот за управување со кризи вечерва соопшти дека водата во поплавените населени места во општина Долнени се повлекува, како и дека поголем дел од општината превентивно е без струја за да се заштитат жителите и мрежата за напојување со електрична енергија.

Екипи од ЕВН се на терен и ја следат ситуацијата. Екипата од противпожарната единица Прилеп работела на испумпување на вода од подрум во маркет во село Лажани.

-До овој момент нема ниту повредени ниту настрадани, соопшти ЦУК.

Back to top button
Close