Се „повлекуваат“ независни од втор круг во корист на вмровски кандидати. По Македонски брод се повлече и од Могила.
Независниот кандидат за градоначалник на Општина Могила, Сашо Пивковски, денеска објави дека се повлекува од изборната трка, со што стана јасно дека во вториот круг нема да има гласање, а нов градоначалник ќе биде Драганчо Саботковски од коалицијата „ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Во првиот изборен круг, одржан на 18 октомври, Саботковски освои 1.662 гласа, додека Пивковски доби 1.253.
Пивковски во својата изјава посочи дека одлуката не била лесна, но е донесена по „внимателно размислување и разговори со граѓаните“.
– Ова не беше лесна одлука, но верувам дека е исправна и чесна во овој момент, во интерес на нашата општина и на сите граѓани што живеат во неа. Политиката не смее да создава поделби меѓу луѓето, особено не меѓу пријатели и семејства. Нашата сила е во заедништвото, не во поделбите – изјави Пивковски.
Одлуката да се повлече беше очекувана откако на синоќешниот поткаст „Тешки муабети“ жители од Могила кои се преставија со име и презиме се пожалија во јавувањето во живо дека нивниот фаворит независниот Пивковски трпи големи притисоци и закани по него и неговото семејство од приврзаници на владеачката ВМРО ДПМНЕ и дека веќе размислува да се полече неможејки да се справи со притисоците и вербални но и секојдневни инспексии во неговата фирма испратени од власта.
Го разбираме,вакво нешто не се трпи и немало до сега,но тој одлуката ке ја донесе сам, сепак него му се закануваат,а ние ќе почитуваме било што да одлучи оти демократија нема, порачаа тие во јавувањето на тешки муабети, и прашаа што мислите дека кандидатот од Македонски брод доброволно ли се откажа од вториот круг во корист на кандидатот на ВМРО ДПМНЕ.







