Се преговара со сите соседни земји за купување струја, има и некои понуди, тврди Бектеши, но не открива детали


Во однос на стравувањата на скопјани за снабдување со топлинска енергија министерот кажа дека тоа нема да се случи
За вчерашната посетата на Турција, Бектеши кажа дека имале продуктивни разговори со турските колеги и покажале интерес да излезат во пресрет на нашите барања

Преговараме со сите соседни земји кои имаат вишок на производство на електрична енергија. Сакаме да соработуваме со сите соседи, а со некои веќе имаме договорени соработки, изјави вечерва министерот за економија Крешник Бектеши во Дневникот на Сител.

Тој не сакаше да каже детали што се е договорено, туку само рече дека се прават напори да се обезбеди поевтина електрична енергија за стопанството.

„Со Бугарија не се преговара за цени кои се на слободен пазар, туку за цените кои ги бара стопанството. Барањата на стопанството е цените да бидат од 150 до 200 евра, односно двојно пониски цени од она што е на берзата. Ние бараме таква цена на електрична енергија, и имаме понуди, но не се по таа цена што ја бара бизнисот. Стопанството бара директна субвенција од државата на 10 најголеми потрошувачи на струја, тоа се околу 20 милиони евра директни субвенции, што не е логично и не може да се даде од страна на државата, пред се, поради фактот што сите средства во буџетот се средства на граѓаните, а нас приоритет ни се домаќинствата и микро, малите и средните компании“,рече Бектеши.

За вчерашната посетата на Турција, Бектеши кажа дека имале продуктивни разговори со турските колеги и покажале интерес да излезат во пресрет на нашите барања.

„Продолжуваме со координација на сите институции и соработка со нашите соседи за пренос на електрична енергија преку Грција и Бугарија со користење напрекуграничните капацитети, со оглед на тоа што ние не граничиме со Турција. Имаат поповолни цени на електрична енергија од оние кои се на слободниотпазар, но се повисоки од барањата на нашето стопанство, а ние во моментов бараме поевтина струја“,

кажа министерот.
Во однос на стравувањата на скопјани за снабдување со топлинска енергија министерот кажа дека тоа нема да се случи.

„Убеден сум дека ќе имаме договор за пониски цени на гас, а со тоа и пониска цена на парно, се со цел да не даваме субвенции каде што нема потреба“,

истакна Бектеши.

Back to top button
Close