Се роди првото бебе во новата 2025 во Македонија
Универзитетската клиника за гинекологија иакушерство проследи информацијата дека прво роденото бебе оваа година е машко.
Тоа се наоѓа во добра здравствена состојба, истото е тешко 3,190 килограми и родено е точно во 00:01 часот.
Мајката на новороденчето е Сања Талевски.
– Првото бебе во 2025 година се роди на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје во 00.01 часот.
Годинава ја почнавме со принц! Бебето е од машки пол, тешко е 3190грама и е долго 50 сантиметар и е прво на мама и тато, соопштија од ГАК Скопје