Се сакаа си делеа комплименти на крај ни најавеното кафе за збогум ќе го немале

t

Владата нема да прави реконструкција туку само ќе дојде до промена во дел од кадрите по напуштањето на крилото на АА предводено од министерот за здравство, Арбен Таравари. Како што соопштуваат од „Илинденска бр.2“, не е разговарано за ротации на министерствата, но потенцираат дека нема да има средба меѓу Христијан Мицкоски и Таравари, иако премиерот најави дека оваа недела ќе го испие „завршното“ кафе со лидерот на едното крило на Алијанса. Очекуваат министрите кои планираат да си одат, сами да си поднесат оставки

Еден од лидерите на коалицијата ВЛЕН, Биљал Касами, изјави дека се во напредна фаза на преговори со неколку пратеници, како од опозицијата од албанскиот блок, така и од другите заедници кои моментално се дел од „Европскиот фронт“. Тој нагласи дека се очекува парламентарното мнозинство што ја поддржува Владата многу наскоро да се прошири.

Од ВМРО-ДПМНЕ демантираа дека имало договор, но информираат дека вечерва има состанок на ИК на партијата, на кој ќе се разговара за прашањето околу можна „трампа“ на ресорот здравство за образование со ВЛЕН.

Back to top button
Close