Се самoyби 20-годишната светска шампионка во уметничко лизгање

Јуниорската светска шампионка во уметничко лизгање, Екатерина Александровскаја (20), која неколку години се натпреваруваше за Австралија, е пронајдена мртва во Москва, а според првичните сознанија на полициската истрага, станува збор за самоубиство.

Во изјава за агенцијата „Тас ес“, неименуван извор во полицијата изјавил дека телото на Александровскаја било пронајдено во близина на нејзината куќа во руската престолнина, и дека, поради телесната повреда што ја претрпела, спортистката си го одзела животот.

Back to top button
Close