Се санираат штетите од силниот ветер во Битола

– Градоначалникот Тони Коњановски изврши увид на локации во Битола каде попладнево силниот ветер предизвика проблеми и вознемирување кај битолчани.

Со екипи на локалните јавни претпријатија и пожарникари од ТППЕ-Битола, Коњановски посочи јавните претпријатија „Комуналец“, „Нискоградба“, „Водовод“ и ТППЕ Битола, да извршат санација на местата каде е предизвикана штета.

– Екипите дејствуваат координирано и ќе останат на терен се до расчистување на сите локации, соопштија од Општина Битола.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close