Се шири непријатен мирис од ОХИС, населението стравува да не е линданот, вели Трајковски
Кандидатот за градоначалник на Кисела Вода од редовите на СДСМ, Горан Трајковски, вели дека ако биде избран ќе преземе се што е во негова надлежност и моќ за заштита на здравјето на граѓаните поради воздухот.
„Изминатите неколку дена се шири многу непријатен мирис на радиус од 2-3 километри од ОХИС. Мирисот е толку интензивен, особено во вечерните часови, што околното население од Пинтија, Усје и Градинар информираат дека наликува како да живеат во самиот круг на фабриката, и стравуваат дека потенцијален причинител на ова е токсичниот линдан, складиран во фабриката“, напиша Трајковски на Фејсбук.
Тој вели дека ова е прашање кое бара итна, а не одложена реакција.
„Уште еднаш апелирам до институциите да се спроведе итна инспекција и соодветни мерења на загаденоста на терен, јавно да се информира за изворот на мирисот и да се каже јасно, дали е поврзан со линданот во Охис. Доколку мерењата покажат загадување и токсичност на воздухот, особено ако причинител е линданот, да се превземат привремени мерки за заштита на локалното население, до решавање на проблемот и додека не стане безбедно за нив. Здравјето на нашите сограѓани е во прашање – неопходно е веднаш да се реагира“, реагира Трајковски.