Се следеле меѓународните правила во случајот со Вјоса Османи, вели АЦВ

Тим од инспектори од Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ), предводен од директорот Драги Стојаноски, денеска изврши повторен увид во доказите и спроведе вонреден инспекциски надзор во ТАВ Македонија, во врска со немилиот настан во кој беше инволвирана и претседателката на Република Косово, Вјоса Османи.

При првичниот увид констатирано е дека, аеродромските служби надлежни за безбедносни проверки, во рамки на своите работни обврски постапувале професионално и придржувајќи се до правилата кои се наметнати согласно имплементираната меѓународна регулативата, не дозволувајќи заобиколување на стандардите и процедурите дури и под притисок на лицата кои биле во придружба на патникот.

„Одбивање на спроведување на стандардните безбедносни проверки со истите патници согласно евиденцијата се случиле и во 2022г. и 2023г. кога безбедносни проверки се прифатени дури откако водачот на воздухопловот одбил да ги прими патниците во воздухопловот без спроведена безбедносна проверка.
Доколку службениците во ТАВ Македонија постапиле различно од пропишаните правила и дозволиле пропусти и заобиколување на пропишаните процедури истите ќе се соочеле со сериозни санкции од Агенцијата за цивилно воздухопловство како тело надлежно за нивна регулација

Back to top button
Close