Се сомневаат во вакцините, но за патување на Малдиви или за студирање во странство се примаат вакцини без проблем, вели д-р Грозданова

Имунизацијата на детската популација не се реализира според планираното, но доколку се патува на Малдиви или за студирање во странство тогаш се примаат вакцини без проблем.

Ова денеска го потенцираше Александра Грозданова, национален координатор за имунизација на брифингот со новинарите на тема „Редовна вакцинација на децата-факти и дезинформации“ во организација на Министерството за здравство.

„Во нашата земја во 2018 година се појави првиот случај на морбили, во 2019 година во февруари беше прогласена епидемија со морбили, при недоволен опфат на вакцинирани деца од околу 80 отсто. Во тој период морале да се преземат активности за интензивно вакцинирање на сите оние деца кои не беа вакцинирани. Во следните шест биле дадени 41 илјада и шестотини вакцини на деца до 14 години. На најголем дел од родителите, грижата околу вакцината им била поради страв од аутизам. Но, до денеска, не било констатирано такво нешто“, информираше Грозданова и дополни дека токму тоа е потврда дека вакцината е навистина безбедна.

Благодарение на вакцинацијата, рече, во овој период не се појавени нови епидемии со морбили.

„Исклучително е битно на родителите да им се објаснува дека таа вакцина се дава со децении наназад, нагласувајќи дека вакцината е правилна одлука за да се заштитат децата од болеста“, смета Грозданова.

Таа направи споредба кога здравствени работници треба одат да работат во странство и за два месеца треба да примат 10 вакцини. Многу често се случува да кажат дека нема вакцини за жолта треска.

„Тогаш никој не прашува каков е квалитетот на вакцината за жолта треска, бидејќи треба на Малдиви да се патува. Кога студентите се запишуват на студии надвор, примаат по 4-5 вакцини за три месеци, затоа што тие универзитети таму ги бараат тие вакцини, а нашата држава во континуитет ги обезбедува“, објасни националниот координатор за иминизација.

Токму од овие причини таа е загрижена околу последните податоците околу вакцинираноста и кажа дека во 2022 и 2023 веќе има зголемување на падот на вакцинираноста.

„Се надевам дека апелите ќе стигнат до родителите. Бидејќи во моментот кога ќе се намали опфатот, ризикот за појава на морбили е исклучително висок“,

рече Грозданова.

Доктор Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести, потврди дека процентот на вакцинирани со неколку вакцини задилжителни за деца е со мал опфат во Куманово, но 60 проценти е вакцинацијата со ХПВ вакцината, што пак во Скопје е само 13 проценти.

Тој смета дека треба да се работи на детекција на проблемите што се јавуваат, во редовна комуникација помеѓу здравствените работници и помеѓу родителите.

Д-р Мехмедовиќ смета дека единствено бројка од 95 проценти вакцинираност гарантира дека при појава на случаи на морбили, ќе нема епидемија.

 

Back to top button
Close