Се судрија мопед и автомобил во Кисела Вода, двајца малолетници се повредени

МВР инфрмира дека синоќа околу 22.30 часот се случила тешка сообраќајна незгода во скопска Кисела Вода, во која двајца малолетници завршиле со тешко повреди.

Според информациите, незгодата се случила на крстосница на ул. „Борис Трајковски“ со ул. „Есенинова“ и ул. „Иван Козаров“. Во сообраќајката се судриле мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од малолетник и патничко возило „рено меган“ со скопски регистрации, управувано од Ј.Т.(33) од Скопје.

Неофицијално двете деца се на возраст од 13 и 15 години и се од населбата Усје.

„Во несреќата, малолетен сопатник на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, додека возачот на мопедот се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ – соопштија од МВР.

Back to top button
Close