Се удави човек во Охридско Езерo

Полициски екипи од СВР Охрид и брза помош се упатиле на лице место по дојава дека е забележан давеник во Охридското езеро, во близина на хотелот Палас кој моментално не работи, дознава Слободен печат од свои извори.

Полицијата ја потврди информацијата.

-Можам да ја потврдам информацијата. Добивме дојава за забележано безживотно тело во водите на езерото и во моментот полициски екипи и брза помош се таму.

Немаме уште дополнителни поконкретни информации и со сознанија ќе излеземе подоцна, ни рече портпаролот на СВР Охрид Димоски.

Back to top button
Close