Се удави рибар во Охридско Езеро – се лизнал од карпа

Рибар од Охрид утрово се лизнал од карпа и се удавил. Неговото тело е пронајдено утрово во водите на Охридското Езеро, кај карпите меѓу плажите „Горица 2“ и „Горица 3“.

Според првичните информации, се работи за несреќен случај со трагични последици.

Случајот за МИА го потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, посочувајќи дека полициски екипи се на местото на незгодата и вршат увид.

Телото на давеникот го забележале случајни минувачи и пријавиле во полиција.

 

 

Back to top button
Close