ВИДЕО: Се урна авион на аеродромот Ахмедабад – имало 242 патници

Индискиот патнички авион Air India AI171, модел Boeing 787-8 Dreamliner, се урнал утрово во близина на аеродромот во Ахмедабад, при обид за полетување.

Првичните информации укажуваат дека на летот имало околу 242 патници, но официјални податоци за бројот на жртви или повредени засега нема.

Инцидентот се случил непосредно по стартувањето на летот, под околности кои сè уште не се целосно разјаснети. Во тек е акција за пронаоѓање и евакуација на евентуално преживеани

Back to top button
Close