Се урна авион веднаш по полетувањето од аеродром во Јужен Судан

Официјални лица стравуваат дека во несреќата загинале неколку лица, јави агенцијата Анадолија.

Кур Куол, директор на меѓународниот аеродром „Џуба“, за Анадолија изјави дека во авионот, што и припаѓал на компанијата „South West Aviation“, а требало да лета кон северната држава Бахр ел Газал, имало осум лица.

-Осум лица беа во авионот и се уште немам детали за бројот на загинати во несреќата, рече Куол.

Очевидци за Анадолија изјавиле дека едно повредено лице било пренесено во болница и дека виделе шест тела на земјата. сд/

Back to top button
Close