Се урна кула на црква стара 500 години, повредена полицајка која одела на работа
Кула од црква стара повеќе од пет века во романскиот град Чеху Силванеи делумно се урна синоќа, предизвикувајќи паника меѓу локалното население. Во инцидентот е повредена полицајка, која во моментот одела кон блиската полициска станица.







