Се урна зграда во Германија – се трага по тројца исчезнати


Спасувачките екипи во Источна Германија денеска утринава трагаа по тројца кои исчезнале по уривање на зграда во градот Герлиц, во близина на границата со Полска, објави „Асошиејтед прес“.

Полицијата соопшти дека можна причина за уривањето, кое се случило вчеравечер, е експлозија на гас.

– Advertisements –

Спасувачите работеле со голема претпазливост на местото на несреќата поради можност од истекување гас.

Откако обидите да ги лоцираат исчезнатите под урнатините со помош на кучиња трагачи не дале резултат, спасувачите околу два часот по полноќ почнале да го расчистуваат шутот со багер и рачно.

Првичните стравувања дека под урнатините можеби се затрупани до пет луѓе се покажале како неточни, соопшти полицијата.

Маж, кој стравувал дека неговата сопруга и братучетка можеби се заробени под урнатините, изјавил дека тие истиот ден пристигнале на одмор во изнајмената куќа. Додека пазарел во блискиот супермаркет, слушнал експлозија и се вратил кон куќата, каде што затекнал само голем куп урнатини.

Back to top button
Close