Се урнал таванот во тоалетите на битолското Средно медицинско училиште, повредена е ученичка


Директорката на средното медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“ од Битола, Наташа Илиева, претпладнево ја известила општината дека утрово во 8.00 часот, паднал таванот во училишните тоалети, објави на Фејсбук Општина Битола.

Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber
Од општината велат дека директорката подоцна, на прашање на битолскиот градоначалник Тони Коњановски да потврди, рекла дека при падот на таванот била незначително повредена една ученичка.

Била формирана општинска комисија која извршила увид во училиштето, со цел да ја констатира состојбата. При извршениот увид, директорката Илиева информирала дека тоалетите пред неколку години бил реконструирани со донација, а последниве денови биле воочени проблеми на горниот кат, проследени со извесно прокапување.

„Градоначалникот Коњановски го контактираше семејството на повредената ученичка, при што беше информиран дека, ученичката е исплашена и со родителите е во Клиничка болница, каде се прават испитувања поради болки во раката. Коњановски, останува во контакт со семејството, а од директорката Наташа Илиева побара одговорност, поради навремено непреземените мерки и непријавениот проблем“, се вели во соопштението од Општина Битола.

„На крајот на минатата година, од страна на градоначалникот на општина Битола, беа повикани, директорите на училиштата, со цел да укажат на потребите за реконструкции и интервенции, кои ги имаат објектите. Од страна на директорката Илиева не беше побарана интервенција од општината за објектот на средното медицинско училиште“, пишува во објавата од општина Битола.

Битола.

 

Back to top button
Close