Сè уште активен пожарот кај струшката населба Елен Камен, нема опасност за куќите

 Сè уште е активен пожарот кој вчера избувна во шумата над струшката населба Елен Камен. Екипа на Територијалната противпожарна единица – Струга е на терен, но местото било непристапно за возило.

– Засега нема опасност за викендичките и куќите во населбата Елен Камен, информираат од ТППЕ – Струга.

Иако побарале помош од надлежните институции, струшките пожарникари велат дека се сами на терен.

Пожарот кој вчера напладне избувнал во шумата на патот кон селото Радожда, во близина на викенд населбата Елен Камен, предизивика страв кај жителите, поради проширување кон куќите.

Силниот ветер дополнително ја отежнуваше работата на пожарникарите и ги ширеше пламените јазици. сс/хс/

2022-04-23 09:44:53, од Слаѓана Стојкова-Костоски, Струга

Back to top button
Close