Се уште е голема опасноста од пожарите на отворено, СВР Тетово со апел за внимателност  

 Повеќе пожари во шумски предели, на ниви и објекти во текот на викендот тетовската полиција бележи во Милетино, Порој и Жеровјане. Причинета е материјална штета, додека нема последици по луѓето. Поради тоа што се уште се високи температурите од СВР Тетово со апел за внимателност од предизвикување на пожари.

-Секторот за внатрешни работи Тетово повторно апелира до граѓаните максимално да внимаваат кога работат или се движат на нивите или низ шумите, да не ги палат стрништата или отпадоците од собраниот род, сувите гранки, старите стебла и слично, за да не предзивикаат пожар. Внимателно однесување им се советува и на излетниците кои за викендите престојуваат на отворен простор околу на Попова Шапка, се вели во апелот на СВР Тетово.

Тетовската полиција воедно укажува дека предизвикувањето пожар претставува и кривично дело за кое е предвидена и затворска казна, зависно од околностите и крајните последици.

Back to top button
Close