Се уште никој не го бара четиригодишно девојче пронајдено мртво на плажа во Грција – полицијата се сомнева на убиство
Во атинското предградие Палео Фалиро, на плажа е пронајдено телото на четиригодишно девојче. Иако идентитетот на девојчето сè уште не е утврден, полициската истрага открива сè повеќе елементи кои укажуваат на можна убиствена позадина на овој трагичен случај.
Најголема загриженост предизвикува фактот што никој не го пријавил детето како исчезнато, што ги отвора сомнежите за семејно насилство или поврзаност со организиран криминал. Полицијата и крајбрежната стража ги отфрлија можностите девојчето да паднало од брод или дека нејзините родители починале заедно со неа.
Резултатите од обдукцијата покажуваат дека девојчето најверојатно се удавило на самата плажа, бидејќи во нејзините бели дробови се пронајдени песок и морска вода.
Во моментов, полицијата интензивно ги анализира снимките од безбедносните камери, посветувајќи посебно внимание на семејствата и возрасните видени со деца во областа. Грчките власти не ја исклучуваат можноста случајот да се претвори во кривична истрага за убиство, доколку се појават дополнителни докази (press24)