Се уште се чекаат резултатите од лабораториските испитувања дали лицето од Кичево има мајмунски сипаници
Нема ништо ново во врска со случајот со лицето од Кичево, кој е суспектен случај на мајмунски сипаници.
Д-р Злате Мехмедовиќ од Комисијата за заразни болести за „360 степени“ утрово изјавил дека се уште нема нови информации во врска со случајот од Кичево и дека засега остануваат на тоа дека сите надлежни институции се активно вклучени во процесот на епидемилошка анализа, евентуална лабораториска потврда и изолација на суспектниот случај.
Од ИЈЗ изјавиле дека се уште нема информации за тоа дали се работи за ваков случај. Директорот Шабан Мемети вели дека процедурата за тоа е пообемна и опфаќа и лабораториски испитувања и социолошки импликации.
Случајот со 43-годишниот кичевчанец, кој престојувал во Австрија го објавија од кичевската болница каде тој пристигнал со симптоми на изнемоштеност и видливи траги по кожата, а лекарите му препорачале да се тестира за мајмунски сипаници.
Лицето во болница се јавило во понеделникот откако се вратилo во земјава по тринеделен престој во Австрија.
Во болницата, како што изјавија за ТВ Алсат , по прегледот, наместо да се тестира, човекот си заминал.