Се уште се трага по 16 годишникот кој исчезна во водите на Преспанското езеро

Нуркачките екипи од Охрид и натаму се во потрага по телото на 16- годишното момче од Ресен коешто во неделата попладнето исчезна во езерскиот води кај Претор.

Од полицијата информираат дека околу 18 часот било пријавено дека во туристичката населба Претор, во водите на Преспанското Езеро, исчезнал И.М. роден 2004 година, од Ресен.

Според тие кои го познавале момчето станува збор за капач на возраст од 16-17 години, жител од селото Јанковец, Ресен.

Според очевидците, до давењето дошло откако тројца млади капачи се возеле на педалинка. Од непознати причини педалинката се превртела. Двајцата млади капачи со пливање излегле на површина, а едното од децата не излегло од водата.

 

Во првите моменти по несреќата капачи и локални жители се обидивале со мрежи да гo извлечат телото на давеникот од езерото. Доцна попладнето во потрагата на удавеното момче се вклучиле и нуркачи кои пристигнале од Охрид.

 

Back to top button
Close