Се венчаше Гарванлиев,објави слики со саканиот

Македонскиот пејач Васил Гарванлиев по неколку месеци од веридбата, стапи во брак со својот избраник и на социјалните мрежи објави фоотографии од својот партнер.

Гарванлиев на Инстаграм сподели албум со фотографии во чиј опис напиша „Двајца станаа едно“ и порача секој да ги следи своите соништа.

Пејачот ја соопшти веста денеска на првиот ден на месецот на гордоста (Pride month).

„Изминатиот период македонските медиуми беа преплавени со веста дека Васил Гарванлиев се верил. И тоа не било каде, туку во Америка. Со неговиот избраник, се препознале на прва, а неговото срце го освоил со едноставноста, но и анонимноста. Свадбата ќе биде наскоро, а во јуни ќе дојдат во Македонија, за семејството да се запознае со зетот“, објави Бекстејџ.

Back to top button
Close