Се вршат претреси: Уапсено едно лице за убиството на матичниот лекар

Едно лице вечерва е уапсено за убиството на 67-годишниот матичен лекар, кој беше избоден пред Поликлиниката Железара.

Високи извори на МВР за ПРЕС24 потврдуваат дека вечерва се преземаат дејствија за случајот и тоа, се вршат претреси на една локација, едно лице е лишено од слобода за понатамошно постапување.

Повеќе информации се очекуваат во текот на утрешниот ден.

За потсетување, убиениот матичен лекар е Ацо Трпковски, чие свирепо убиство ја потресе скопската населба Железара, во која скоро и да немало човек кој не го познавал. Тој со убодни рани бил пронајден во својот паркиран автомобил „Киа“ пред поликлиниката, доцна во ноќта од неговите двајца синови, кои почнале да го бараат, откако неколку часа го немало да се врати од работа.

Back to top button
Close